МАГАЗИН

Уметничка поставка со 1.000 голи луѓе во Финска

Речиси илјада луѓе се собраа во саботата на улиците и плажите на Куопио, Финска, за да му позираат голи на американскиот фотограф Спенсер Туник.

„Денес земјата на 1.000 езера стана земја на 1.000 голи луѓе. Учесниците-нудисти прво позираа на улица, со цветни поставки, а потоа на плажа и во вода. Сакав да го доведам телото во хармонија со Куопио и езерата во северна Финска“, објасни Туник.

Уметникот, инаку познат по своите слики и видеа со голи маси луѓе, ја изрази својата длабока благодарност до доброволците кои беа подготвени да се соблечат на тие јавни места.

„Тоа е нешто многу ретко – да му се даде можност на обичниот набљудувач да учествува во креативниот процес“, додаде Спенсер.

Во ноември, околу 2.500 голи луѓе се собраа на плажа во Сиднеј, Австралија, како дел од замислата на истиот уметник, којашто има за цел да се подигне свеста за канцерот на кожата. Настанот наречен „Соблечи се за ракот на кожата“ (Strip Off for Skin Cancer), беше организиран во соработка со здружение кое ги охрабрува Австралијците да прават редовни дерматолошки прегледи.

Спенсер Туник е познат по сличните уметнички поставки со 100-ци и 1000-ци луѓе, изведени на бројни познати места ширум светот. Тој „соблече“ и повеќе од 5.000 луѓе пред Операта во Сиднеј во 2010 година, а и 18.000 луѓе – неговиот рекорд, на „Зокало“ – главниот плоштад на Мексико Сити во 2007 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МАГАЗИН

Нова јужнокорејската серија на „Нетфликс“ ги воодушеви гледачите

Јужнокорејската серија „Шоуто на осумтемина“ (англ. The 8 Show) неодамна се појави...

МАГАЗИН

ИЈЗ со совети за заштита од инсекти

 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дава практични совети за заштита на населението...

МАГАЗИН

Зошто паметните луѓе ретко се среќни? Познатиот Хемингвеј тоа го објаснил во само 1 реченица

Судбината на Ернест Хемингвеј, познатиот американски писател и новинар, продолжува да ја...

МАГАЗИН

Сапунот од кокос – благотворен против комарци

Има многу производи коишто ги одбиваат комарците, а според новите истражувања, тука...