АКТУЕЛНО

СДСМ ПО ТРЕТ ПАТ СО ИНИЦИЈАТИВА: Универзална да се даде на Владата оти Арсовска ја остава да скапува

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје по трет пат достави иницијатива Универзална сала да се предаде на Владата. Досега два пати ваквата иницијатива не помина бидејќи за неа не гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои сега ја критикуваат градоначалничката Данела Арсовска, ниту пак останатите советнички групи кои ја поддржуваат нејзината работа.

Од СДСМ велат дека Арсовска ја остава Универзална сала да скапува, па затоа итно е потребно објектот да го преземе Владата, која веќе има обезбедено средства за нејзинина реконструкција.

„Сметаме дека е нужно Советот на Град Скопје да донесе одлука за времено отстапување на корисничкото право на Универзална сала на Министерството за култура. Откако Владата ќе ја изгради концертната сала, корисничкото право ќе биде вратено на Град Скопје“, стои во иницијативата на СДСМ.

Седницата на Советот е закажана за 20 јули.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...