АКТУЕЛНО

ПРЕКТОТ „УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО“ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ: Две третини од учениците годинава одбрале средно стручно

Две третини од учениците кои годинава се запишаа во средно уличиште одбрале стручно образование. Од вкупниот број запишани ученици 15.481 дури 10.277 ученици или 66,4 отсто одбрале средно стручно. Во гимназиите се запишани 4.603 или 29,7 проценти и 3,8 отсто во уметничкото образование и спортската гимназија.

Најбарани струки на двете пријавувања во јунскиот уписен рок се од економско-правниот сектор, како и машинство и електротехника во кој влегуваат и ИТ-квалификациите. За разлика од минатите години, оваа година има интерес и за занимања од угостителскиот и од секторот шумарство и обработка на дрво, како келнери и готвачи, техничари за мебел и ентериер за кои, во повеќето средни стручни училишта низ земјава, местата се пополнија уште во првиот рок.

Овие активности се интензивираа во последните две години со кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која ја реализираше Министерството за образование и наука во соработка со Стопанската комора, а со поддршка на Швајцарската амбасада преку проектот „Образование за вработување“.

„Кампањата поттикна дијалог помеѓу образовните институции, од една страна, и работодавачите, од друга страна, за креирање образовни програми за квалификации според барањата на работодавачите и реализација на практична обука на реално работно место. И резултатот стана видлив со зголемен број запишани ученици во стручното образование. Нашата заложба е да вклучиме што поголем број компании во стручното образование каде учениците ќе го реализираат процесот на учење преку работа, кој е задолжителен за сите струки и квалификации. Само за појаснување, разликата со дуалниот модел на образование е во бројот на часовите на реализација на учењето преку работа и промената на работодавачот, вели Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба во Стопанската комора на РСМ.

Согласно со трендовите, се намалува интересот за некои струки поради неатрактивност. Па така, интересот за уписи на полуматурантите е сѐ помал за тригодишните квалификации од различни сектори, како што се текстил, кожа и слични производи во кои припаѓа и чевларската индустрија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...