РИТАМ НА ГРАДОТ

ПОСЛЕДНА КЛАПА ЗАВРШЕНА: Се затвори гостилницата Камин Чамо

Една од најбоемските кафеани во главниот град, Камин Чамо се затвори. Од вчера овој познат скопски гурмански локал стави клуч на врата. По 33 години, како што објавија сопствениците на гостилницата, „Последна ‘Клапа’ завршена“.

„ На 18-ти април,благодарение на сите вас кои ни дававте несебична подршка и љубов,Камин Чамо наполни 33 години. Завршивме еден “чаптер” од 33г. и од утре започнуваме заслужен, неколкугодишен одмор“, стои на Фејбук објавата.

Повеќето коментари под оваа објава се емотивни, со желби за успех на целата екипа понатаму, како и тоа дека оваа гостилница не беше само место за уживање во врвните кулинарски специјалитети, туку и место каде сите гости се чувствуваа свои и како дома.

„Се сметаме од привилегираните кои ја впишуваа историјата на Камин Чамо низ сите години постоење. Веридби, родендени, обични дружби и моменти кои се памтат. Сарма, телешки јазик, грав во тиква подготвен, дроб сарма, кукурек, јагула, на времето и пастрмки…“, пишува во еден од коментарите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....