ИНФО

Полицијата казни 218 возачи низ Скопје, возеле брзо и без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со сообраќајните контрли, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ и на зонските на ЈП „Градски паркинг“

Паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д, со кои стопанисува ЈП...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер,...

ИНФО

По 55 години, реконструирана улица „20” во Припор

– Пуштена е во употреба новата реконструирана улица „20” во населбата Припор....

ИНФО

Оваа недела искачување на Крстовар на Водно и работилница за млади

Младинската секција на планинарскиот клуб „Убава“ заедно со Младинска комисија при Федерацијата...