АКТУЕЛНО

Општина Аеродром стана дел од „Мрежата на силни градови“

Општина Аеродром и официјално стана дел од „Мрежата на силни градови“ во која членуваат повеќе од 185 општини и градови, ширум светот. „Strong Cities“ е мрежа која обединува општини и градови од целиот свет и служи како платформа преку која се развиваат иницијативи за меѓусебна соработка, програми за размена на млади, како и размена на искуства и заедничко дејствување за справување со прашањата поврзани со булингот, говорот на омраза, екстремизмот и слични проблеми.

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски вели дека членството во меѓународните мрежи и организации е потврда за посветеност во решавањето на клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните и општеството, но и доказ за меѓународната поддршка и соработка која Општината и градоначалникот ја имаат со своите пријатели и партнери, од ЕУ и светот.

„Горд сум што како градоначалник на Аеродром, низ оваа и слични иницијативи, успеваме да ја доближиме општината до сите регионални, европски и светски иницијативи, каде преку меѓусебна поддршка ќе создадеме средина која е развиена, инклузивна и креира можности за граѓаните“, вели Муцунски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...