МАГАЗИН

„Ноу Камп“ исчезна во урнатини, стадионот на ФК „Барселона“ почна да се реновира

Култниот стадион на Барселона „Ноу Камп“ исчезна во урнатините на градилиштето како дел од неговиот проект за реконструкција, а навивачите со тага го следат уривањето на фудбалскиот храм за кој ги врзуваат многу спомени.

Репортерите од воздух ја снимија напредната фаза на уривањето на најголемиот европски стадион, кој имаше капацитет од близу 100.000 седишта. Видеата предизвикаа бројни реакции од навивачите на социјалните мрежи кои жалат за исчезнувањето на импозантната фудбалска зграда и симбол на градот.

Проектот за реконструкција на „Ноу Камп“ е вреден 1,5 милијарди евра, а ќе опфати доградба на покривот, уредување на сите трибини, нови семафори, нов телекомуникациски центар, изградба на нова сала. Капацитетот на стадионот ќе биде зголемен на 105.000 седишта, а стадионот ќе има и ново име „Спотифај Ноу Камп“, како дел од нивното спонзорство со платформата за стриминг која на Барселона ќе и донесе околу 250 милиони евра.

Каталонците следната сезона ќе играат на Олимпискиот стадион „Монтјуик“, а во сезоната 2024/2025 се враќаат на својот стадион кој ќе биде отворен со капацитет од 50 проценти. Конечното отворање се очекува во 2026 година.

„Ноу Камп“ е дом на Барселона од официјалното отворање во 1957 година, кога го замени поранешниот стадион „Лес Кортс“, кој имаше капацитет од 48.000 седишта. Првично, официјалното име беше „Естади дел ФК Барселона“, но наскоро го доби прекарот „Ноу Камп“ (во превод, ново поле). Ова име стана официјално дури во 2000 година откако гласаа членовите на клубот.

Кога првпат беше отворен во 1957 година, примал 93.053 гледачи. Капацитетот беше зголемен на 120.000 за Светското првенство во 1982 година. Сепак, откако беа укинати местата за стоење, капацитетот е намален на 99.354.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...