Македонија и Србија од денеска имаат заеднички систем за плаќање патарини. Тоа значи дека граѓаните на двете земји кои имаат електронските тагови со нив ќе можат да плаќаат и во Макеоднија и во Србија односно нема да мора да застануваат на наплатните станици.
Станува збор за брзо и ефикасно плаќање со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење меѓу двете земји.
„За само 3 месеци српски и македонски инженери успеаа да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Благој Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, така да и камионите ќе можат да поминуваат. Ова е уште една потврда дека иницијативата работи токму на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал. Премиерката кажа дека благодарение на оваа иницијатива трговската размена меѓу 2-те држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија Бројот на туристи кои во текот на изминатите 2 години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан. Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по 3 месеци“, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ го промовираат системот за наплата.
Leave a comment