ИНФО

Илинден ќе дава од 500 до 2.000 евра за спортисти жители на општината

Општина Илинден за прв пат ќе дава еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е согласно Правилникот за доделување на еднократна финансиска поддршка донесен од Советот на Општината и наменет е за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство,  европско, балканско и национално првенство без оглед на возраста и спортистот во сите категории, во тековната или претходните три години. Право на поддршка има и спортист жител на општина Илинден кој постигнал спортски резултати натпреварувајќи се во екипни спортови како член на спортски клуб односно национална репрезентација.

„Целта е да се поддржат и наградат спортистите од нашата општина кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари. Јавниот повик содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000 денари, трета категорија во висина до 90.000 денари, четврта категорија во висина до 60.000 денари и петта категорија во висина до 30.000 денари“, вели градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден е со времетраење од денот на објавување заклучно со 15.09.2023 година во кој период можат да се поднесуваат барања.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...