ИНФО

Нов асфалт и паркинг за улицата Герника во Драчево

Општина Кисела Вода стартуваше со градежни работи на улицата Герника во Драчево. Нов асфалт ќе биде поставен на површина од околу 2.800 метри квадратни.

„За итната потреба од градежен зафат говори самата состојба во која се наоѓа Герника, но и нејзината важност како сообраќајница која води кон главна улица на која секојдневно се одвива јавниот градски превоз, која претставува конекција со железничката станица и која дополнително очекуваме да биде многу користена откако ќе го завршиме со изградбата на новиот рекреативен центар во ,,Дупки” со летно кино“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со проектот се предвидува и изведба на тротоар поплочен со павер елементи долж целиот потег и паркинг за 30 возила.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Петок е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за...

ИНФО

159 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска...

ИНФО

Промоција на првите броеви на меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер ќе бидат промовирани првите два...

ИНФО

Издадени 23 одобренија за градба, од јуни заклучно со ноември

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените...