КУЛТУРА

Краткометражниот филм „Имиња” в понеделник на Синедејс

Краткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, премиерно ќе биде прикажан на 17 јули во 20.30 часот на локација МКЦ парк, во рамки на 22-то издание на Синедејс фестивалот на европски филм.

Филмот е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ, и се снимаше во јуни 2022 година, во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје.
Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и три деца актери: Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и ко –сценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски.

Филмот се реализираше со финансиска поддшка на Агенцијата за филм на Република Серверна Македонија, a снимањето покрај од СУГС „Лазар Танев”, беше помогнато и од Круг филм, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Генералштаб – Армија на РСМ, JЗУ СБГА „Мајка Тереза” – Чаир и Црвен крст – Социјално претпријатие Копче.

Kраток синопсис за филмот „Имиња”:

Кога Марко и неговата мајка ќе пристигнат во прифатен центар за бегалци полн со деца, жени и стари луѓе, момчето запознава двајца другари, кои му објаснуваат дека е само прашање на време кога војниците ќе донесат кутија за чевли, полна со предметите на некој од нивните татковци, кои загинале во војната. Штом ќе се сместат во центарот, едно од децата му открива на Марко дека училницата во која се сместени е проколната: Смртта ќе ги посети оние чие презиме е на вратата и тие најверојатно ќе добијат кутија. Марко станува опседнат со звукот на војничкиот џип, кој ја носи кутијата од која сите се плашат и смислува план за да ја надитри Смртта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...