АКТУЕЛНО

Во Карпош отворен дневен центар за деца со попреченост

Во Општина Карпош отворен е дневен центар со индивидуални третмани за деца со попреченост. Во дневниот центар 32 деца на возраст од 2 до 10 години, ќе добијат индивидуален третман од стручните служби согласно нивната потреба, за што е направена претходна проценка. Услугата ќе ја обезбедат стручни соработници и специјални едукатори, од здружението „Монтесори“, кое е давател на оваа услуга. „Монтесори“ има огромно искуство и знаење во областа, а преку овој центар ќе придонесе за поголема инклузивност на децата во заедницата.

Токму инклузивноста е една од главните цели на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во чии рамки е и дневниот центар за деца со попреченост. Проектот за подобрување на социјалните услуги е еден од инструментите преку кои се реализира целокупната социјална реформа, од страна на Министерството за труд и социјална политика, општините и давателите на услугите.

„Главна цел на социјалната реформа е подигнување на квалитетот на живот за сите граѓани, која е адаптирана согласно потребите на граѓаните и нуди конкретен одговор на нивните очекувања и овозможува поголема инклузивност. Исто така, преку адекватни социјални услуги ние директно придонесуваме за јакнење на човечкиот капитал и намалување на сиромаштијата. Ваквиот пристап овозможи поголема достапност на услугите за поголем број на граѓани, со што ефектите се повеќекратни. Денес имаме навистина благородна причина и со огромна радост го отвораме новиот дневен центар каде што дечињата ќе можат да добијат соодветен третман и да се подготват за поголемо вклучување во заедницата. Ги повикувам родителите да ги користат услугите на центарот, а ние ќе продолжиме со креирање на социјални услуги по мерка на граѓаните“, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во процесот на децентрализација како дел од социјалната реформа, улогата на општините во градење на одржлив и функционален систем за обезбедување на социјални услуги е од исклучително значење.

„Општина Карпош е прва општина која ги препозна можностите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги, пред сѐ во насока на задоволување на потребите на своите граѓани. Таа беше апликант со дури два проекта уште во првиот повик на Министерството за труд и социјална политика и Светска банка. Годи сме што и двата проекта беа одобрени и ги исполнија строгите критериуми на Светска банка. Тоа е показател дека нашата општина умее да ги детектира потребите на граѓаните и да понуди решенија преку различни форми, а во овој наврат со избор на невладини организации кои имаат капацитет да дадат квалитетни услуги“, изјави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Монтесори програмата се базира на три значајни принципи: човечко достоинство, мир и слобода. Токму овие принципи се основа за активностите во новиот дневен центар за деца со попреченост и во целост ќе бидат имплементираникој започнува да работи согласно нашата програма. Во работата со децата ќе се користат најновите сознанија во областа, а нашето досегашно искуство дополнително ќе придонесе за поголема инклузивност на дечињата и ќе бидеме поддршка за нив и за нивните семејства “.

Дневниот центар за деца со попреченост во општина Карпош е еден од проектите што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги. Досега се поддржани 34 проекти во 37 општини. Покрај дневниот центар за деца со попреченост, се обезбедуваат и услуги за помош и нега на стари лица во домот, дневни центри за стари лица и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост. За давање на услугите засега се обучени 300 лица, а ќе бидат опфатени повеќе од 1200 корисници.

Преку вториот јавен повик избрани се уште 12 проекти во 17 општини, кои се во фаза на лиценцирање и подготовка за спроведување на социјалните услуги. Се очекува до средината на годината да почнат да даваат услуги кон корисниците

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...