АКТУЕЛНО

НЕ ОСТАНА ЧИТАВ АВТОБУС: Климите демолирани и искршени, ЈСП не ги поправа

Не остава читава клима во двокатните автобуси на ЈСП „Скопје“. Речиси повеќе од половина од пластичните перки се демолирани, искршени и извадени, па огромни дупки зјаат во возилата. Од дупките на патниците им дува право во глава и се жалат дека на вториот кат не се седи оти дува од дупките.

Од ЈСП  не добивме одговор на нашите прашања зошто не ги поправат оштетените перки на климите во автобусите.

Секое лето патниците мака мачат со климите во автобусите. Во возилата во кои работат се искршени и дува од сите страни, а во дел пак од возилата климите не работат.

Двокатните кинески автобуси беа набавени во 2011 година. Тогаш Владата купи 202 кинески двокатни и 80 украинските нископодни автобуси кои чинеа 57 милиони евра.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...