КУЛТУРА

„Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора

Македонскиот народен театар (МНТ) во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора.

Како што информира МНТ, нашата претстава ќе биде изведена в недела (16 јули 2023 година) во 21 часот на 37. фестивал  „Град театар“ во Будва, што се одржува од 5 јули до 22 август.

Годинава слоганот на фестивалот е „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски денови, на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот Стањевиќи.

Второто гостување ќе се случи на 18. меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват. Покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21:30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште осум претстави од Белград , Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Од МНТ посочуваат дека „Народен непријател“ совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество.

„Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека е неопходна итна жртва, колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички“, информира МНТ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Филмови на Јан Кадар во Кинотека

Филмови на еден од најголемите режисери на денешницата, словачкиот режисер Јан Кадар...

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...