АКТУЕЛНО

И Тимчо бара да се вратат имињата на улиците кои ги стави Коце

Општина Аеродром бара да се вратат имињата на улиците кои беа ставени во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски односно да се поништи одлуката на ексградоначалникот Петре Шилегов. На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром беше усвоен предлогот на претседателот на Советот Дејан Митески за враќање на старите имиња на улиците.

„По извршените консултации со наши сограѓани, жители на улиците Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев и Реонски центар Аеродром, на мој предлог, Советот на Општина Аеродром усвои иницијатива со која бараме од Советот на Град Скопје да донесе одлука за враќање на старите имиња на улиците. Со една непромислена одлука во март 2021 година, на предлог на Шилегов, се направи хаос во системот на имиња на улици, каде што повеќе од 80 улици во Лисиче беа преименувани. Искрено се надевам дека Советот на Град Скопје сериозно ќе ја разгледа оваа наша иницијатива и во најскоро време ќе донесе одлука за враќање на имињата на улиците, во интерес на жителите на овие улици“, напиша на својот фејсбук профил Митески.

Враќање на имињата од време на Трајановски, кога голем број улици добија антички имиња побара и Општина Бутел.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...