АКТУЕЛНО

Универзална сала обрасна со трева

Просторот околу Универзална сала е обраснат со трева. Зад тарабите покрај тоа што стои градежен шут, сега е сè обраснато со треви бидејќи никој не води грижа. Станарите од соседните згради велат дека малку фали просторот кој речиси две години не е чепнат да стане змијарник.

„Кога дува ветер летаат парчиња од кровот, сега змии ќе почнат да излегуваат сред центар на град“, велат станарите од соседните згради.

Градоначалничката Данела Арсовска нема намера да ја прави Универзална сала. Откако дојде на функција ги стопираше градежните работи велејќи дека не бил добар проект, но за две години не направи нов. Советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје два пати поднесоа иницијатива да се одзема салата на Градот и да ја преземе Владата. Иницијативата не беше прифатена бидејќи за неа не гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, па симболот на Скопје скапува.

Универзална сала која е затворена 7 година почна да се реконструира во септември 2021 кога градоначалник беше Петре Шилегов. Проектот предвидува реконструкцијата да се одвива во два фази, прво надворешностата на објектот, а потоа внатрешноста. За првата фаза се обезбедени 2 милиони евра од Владата и префрлени на наменска сметка на Град Скопје, а на почетокот на градежните работи беше кажано дека ќе биде готова до 2022.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...