АКТУЕЛНО

СОВЕТНИЦИТЕ ДОНЕСОА МЕРКИ ЗА АРСОВСКА И МАЗНЕВА: Во рок од три дена да се достави извештај како работи Комунална хигиена

Советниците на Град Скопје на денешната вонредна седница на која се расправаше за актуелната состојба во јавното претпријатие Комунална хигиена и проблемот со собирањето на отпад изминативе денови, донесоа заклучок и ја задолжија градоначалничката Данела Арсовска и директорката на ЈП Комунална хигиена Косана Мазнева-Николиќ да преземат мерки за итно и неодложно делување за надминување на можноста за појава на потенцијална еколошка катастрофа и епидемија на заразни болести. Предлог мерките на советниците се:

  • Редовно миење чистење и на сите сообраќајници во градот
  • Дезинфекција и дезинсекција на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и во блиската околина
  • Дезинфекција и дезинсекција и редовно одржување на контејнерите
  • Итна набавка на пет нови камиони и механизација за собирање на отпад
  • Итна набавка на пет нови модерни еколошки чистачи на улици и сообраќајници
  • Детална проверка на договорите за вработување на вработените за кои има сомнеж дека не се појавуваат на работа, а остваруваат право на плата како и на оние со нерегулиран статус повеќе од пет години
  • Одговрност за сите кои директно и индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП Комунална хигиена
  • Проверка на состојбите со договорите на вработените и во останатите јавни претпријатија во соработка со надлежните државни институции
  • Ревизија на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Комунална хигиена
  • Формирање на работно тело за надзор на работата на јавните претпријатија
  • Редовни и чести координации помеѓу градоначалникот на Град Скопје, Претседателот на Советот и координаторите на советничките групи
  • Изработка на функционална анализа на сите установи и институции, како и администрацијата на Градот и истата да се изработи непристрасно, темелно и независно за да може да служи како основа за унапредување на јавните услуги
  • Во Кризниот штаб да се вклучат и преставици од Советот на Градот
  • Да се достави извештај за работата на ЈП Комунална хигиена до Советот во рок од три дена
  • Да се реализира јавна дебата за разгледување на можностите за децентрализација на дел од надлежностите на Комунална хигиена.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...