АКТУЕЛНО

СДСМ побара Арсовска да си поднесе оставка, таа пак не дојде на седница

Ниту денес на вонредната седница на Советот на Град Скопје за проблемот со ѓубрето во главниот град, градоначалничката Данела Арсовска не се појави. Иако уште во понеделникот уредно и таа и директорката на ЈП Комунална хигиена, Косана Мазнева-Николиќ, биле поканети, и двете без никакво објаснување не дојдоа да се дискутира и дебатира со советниците за надминување на проблемот со отпадот.

„Арсовска во вторникот ми прати допис во кој се вели дека ѓубрето се собира и дека е нормализирана е состајбата во ‘Комунална хигиена’. Во дописот не се прецизира дека нема да присуствува на седницата“, рече претседателот на Советот, Трајко Славески.

„Немало и ќе нема да има комуникација ниту со градската администрација, ниту со Арсовска. Ова недоаѓање на седници и игнорирањето на сите проблеми во градот е недозволиво. Скопје и граѓаните не го заслужуваат тоа“, истакна Гордан Шутаров од СДСМ.

Од советничката група на СДСМ побараа оставка од Арсовска бидејќи е неспособна, нечесна и неодговорна.

„За ваква сериозна тема градоначалничката ја нема. Повторно молк и неодговорен однос. Арсовска го бликираше Скопје, го остави без превоз, а сега го затрупа во ѓубре. Што е следно, да остане без вода? За првпат Скопје 48 часа на плус 40 степени беше затрупан во ѓубре во мандат на Арсовска, а неа ја нема, градоначалничкото столче како и многупати досега и денес стои празно. Затоа, Арсовска треба да си поднесе оставка”, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ.

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска рече дека нема зошто да се одржува седницата и тие меѓусебно да дебатираат кога Арсовска ја нема.

По 15 минутна пауза седницата продолжи, но со кавги и расправии помеѓу вработените од кабинетот на Арсовска и советниците.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...