МОЕ ЗДРАВЈЕ

Пладневната дремка го разбиструва умот

Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, и Универзитетот на Републиката во Уругвај ја испитуваа врската меѓу редовниот пладневен сон и умствените способности.

Овие два фактора беа поврзани и споредени со набљудувачки испитувања во минатото. Така, овој научен труд потврдува дека куса дремка од 15 минути се чини корисна за извршување одредени когнитивни задачи веднаш по спиењето дење. Сепак, авторите на студијата сакаа да дознаат и повеќе – дали пладневната дремка е директна причина за здрав и бистар ум и поголем волумен на мозокот кај поединци кои имаат редовна дремка, во споредба со оние кои немаат таква навика?

Тимот го користеше методот наречен „Менделова рандомизација“ заради анализа на генетските податоци на повеќе од 375.000 учесници, преземени од британската „Биобанк“. Набљудувајќи неколку делови од ДНК-та за коишто се смета дека се поврзани со вообичаеното спиење преку ден, тие го споредија когнитивното здравје и структурата на мозокот на луѓето кои практикуваат редовна дремка со оние кои не го прават тоа.

Заклучокот е потврден: Луѓето кои спијат редовно во текот на денот обично имаат поздрав мозок.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...