Испаркирани коли стојат од утрово во Градскиот парк односно на пешачката патека која води кон бараките на Град Скопје. Возилата се паркирани во паркот и пред канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, но никој не реагира.
Ги нема инспекторите од Градот кои кога излегуваат и влегуваат во бараките ги гледаат непрописно паркираните коли.
На само неколку метри од местото има зонски паркинг кој чини 25 денари. Но, сопстенциите на возилата не сакаат да плаќаат, па се паркираат во парк.
Денеска во Град Скопје се одржува седница на Советот на Град Скопје. Постојано кога има седници во овој дел има паркирани коли.
Leave a comment