АКТУЕЛНО

НАРОДНА БАНКА: Се повеќе се плаќа со картички и се користат мобилни апликации

Зголемена е употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери или т.н. платни налози. Ова го покажуваат податоците од доменот на платежната статистика за првиот квартал од 2023 година што ги објави Народната банка на Република Северна Македонија.

Како што информира Народна банка, во првиот квартал од 2023 година годишниот раст на употребата на платежни картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните изнесува 14,7 отсто кај бројот и солидни 12 отсто кај вредноста на овие трансакции.

Значителен годишен раст од 16,8 отсто е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата, при засилен раст на плаќањата на физичките места на продажба од 17,4 отсто, но и солиден раст од 11,1 отсто на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, како кај бројот на платежните трансакции (6,1 отсто), така и кај вредноста на остварените трансакции (3,1 отсто), при натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања. Бројот на електронски иницираните платни налози во првиот квартал од 2023 година бележи раст од 14,5 отсто на годишна основа, што е двојно повеќе од годишниот раст во првиот квартал од 2022 година (7,1 отсто).

Од Народна банка посочуваат дека граѓаните особено ги користеле апликациите на мобилните телефони, со кои извршиле над една половина од вкупниот број електронски иницирани платни налози.

„За одбележување е дека бројот на платежните трансакции извршени преку мобилен телефон постојано расте и во првиот квартал од оваа година е поголем за 23,8 отсто од бројот на овие трансакции во истиот период од 2022 година. Годишен раст, но не толку силен, од 3,5 отсто е забележан и кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата“, се вели во соопштението.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...