ИНФО

КАЗНЕТИ 218 ВОЗАЧИ: Се вози брзо и без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на градот изрече 218 мерки, информираат од МВР.

„Од изречените 218 санкции, 35 се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас и друго“, соопштуваат од полицијата.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...