РИТАМ НА ГРАДОТ

ВО АУДИОКУЛТУРА: Концерт на Лазар Нелковски и бендот

Младиот Лазар Нелковски со неговиот придружен бенд во состав Јана Ефтимова – бас, Анастасија Трајковска – придружен Вокал, гостинот од САД Maasiah на ритам гитара и Драган Андоновски на тапани ќе одржат концерт во Аудиокултура. Младиот Лазар Нелковски со неговиот придружен бенд во состав Јана Ефтимова – бас, Анастасија Трајковска – придружен Вокал, гостинот од САД Maasiah на ритам гитара и Драган Андоновски на тапани ќе одржат концерт во Аудиокултура.

На концертот ќе се претстави со unplugged верзија на одбрани нумери од првиот албум и новиот материјал од неговиот втор албум кој треба да излезе до крајот на годината. Овој е последен од трите концерти што ќе ги одржи во земјава, пред да се врати во Јапонија.

Нелковски е роден 2005 година во Скопје. Од најрана возраст се ориентира кон музиката, а потоа и кон театарот и филмот. Завршува деведгодишно нижо музичко училиште, отсек – пијано. Напоредно, четири години учи гласична гитара, три години рок-гитара и една година тапани. Две години учествува на филмската училница во рамки на Кинотеката на РСМ, потоа шест години учествува на националниот Џифони фестивал и минатата 2022 година беше претставник на нашата земја на главниот Џифони фестивал во Италија. Минатата година концертно го промовираше својот прв музички албум „BORDER”, чии е комплетен автор и продуцент. 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....