Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски е казнет од градоначалничката Данела Арсовска со 90.000 евра. Оваа висока казна е заради непрописно одлагање на смет.
„Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, денес во 12 часот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција’, велат од Општината.
Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски во недела ѓубрето што го чистеа го истурија пред капијата на „Дрисла“ оти по налог на Арсовска не им се дозволуваше влез во депонијата за да го депонираат ѓубрето.
Leave a comment