АКТУЕЛНО

ЃОРЃИЕВСКИ: „Ако Данела ја фрустрира тоа што некој работи, без проблем ќе и покажам како да почне“

„Ако на Данела Арсовска тоа што некој работи и создава фрустрации, јас ќе и подадам рака. Без проблем ќе и помогнам и ќе и покажам како се работи. Таа покажа дека изминативе години додека е градоначалник ништо не знае освен да се кара. Сега на ред дојдов јас. Пишувањето казна за мене и Општината за одложување на отпадот пред Дрисла е само лечење фрустрации на градската власт“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски денес изјави дека најавената казна од 90.000 евра што Град Скопје му ја подготви за непрописно одлагање отпад пред скопската депонија „Дрисла“ се уште не ја примил.

Тој на пресот објасни како во неделата вечер и покрај обидот и притисокот собраниот отпад да се одложи во Дрисла, бил спречен, а потоа приморан истиот да го одложи пред јавното претпријатие.

„Лажат дека сме немале договор. Со одлука од 2005 година, а и со фактурите кои постојано ги добиваме од ЈП Дрисла, јасно е дека досега немаше никаков проблем околу отпадот. Тоа што час и половина не држеа пред Дрисла и не ни дозволија да го одложиме ѓубрето е неприфатливо. Сигурно дека немаше истото ѓубре да го вратиме назад во Кисела Вода. Ние плаќаме, граѓаните плаќаат и отпадот беше однесен каде му е местото – во регионалната депонија. Тоа што додека ние чекавме влегуваа камиони со италијански таблички и се иживуваше со нас, зошто и како, нека одговори Арсовска“, рече Ѓорѓиевски.

Притоа, тој нагласи дека онаму каде што е одложен отпадот не е дел под ингеренциите на Арсовска и нема право таа да изрекува какви било казни.

„Дали Арсовска си ги знае надлежностите и ингеренциите? Утре сабајле таа може да стане и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи и да почне да казнува и да апси. Жената покажа дека нема капацитет и не знае да се справи со ниту еден предизвик. Ако е точно тоа дека има докази дека одреден број на вработени во Комунална хигиена не доаѓале на работа, а земале плата, што чека и две години ништо не презема“, потенцира Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Кисела Вода покажа и фактури што секој месец ги добива Општината од ЈП Дрисла за одложување отпад и праша: „Ако досега можеше и немаше никаков проблем да се одлага отпадот во Дрисла, а сега наеднаш има, дали тоа значи дека директорот на ова јавното претпријатие направил кривично дело?“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...