МОЕ ЗДРАВЈЕ

ШТО ЗНАЧАТ БРОЈКИТЕ НА УВ ИНДЕКСОТ КОИ ДЕНОВИВЕ ЌЕ БИДАТ И НАД 10: Колку е штетно за здравјето?

Важно е да се истакне дека при УВ-индекс од 8-10, децата можат да добијат изгореници веќе по само 10 минути при директно изложување на сончева светлина, а при вредност од 10 или повеќе, децата можат да изгорат по само 5 минути!

Познато е дека Сонцето емитира УВ зрачење, кое е особено штетно за кожата и од него сите треба да се заштитиме соодветно. Познато е и дека различните креми за сончање штитат со различни СПФ фактори и дека имаат филтри од УВА и УВБ зраците, а треба да се користат особено кога УВ индексот е висок.

Од денес, па во наредните неколку дена во Скопје и останатите делови од земјава минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10.

Сите сме слушнале дека УВ индексот е всушност показател за тоа колку е штетно сончевото зрачење тој ден и дека треба да избегнуваме изложување на сончева светлина во периодите од денот кога УВ индексот е највисок. Меѓутоа, што точно е УВ индекс? Тоа е бројка добиена со сложени пресметки со помош на компјутерски модели кои користат математички функции кои го опишуваат ефектот на УВ зрачењето на кожата.

Се земаат предвид и енергетските спектри кои ја одредуваат емисијата на енергија со посебни бранови должини на УВ зрачење, а вредностите се интегрирани за одредени временски периоди, посочуваат експертите.

Од целата пресметка, важно е да се запамети дека податоците се користат посебно за секој географски регион, временски период од годината и по часови од денот. УВ индексот треба да се сфати сериозно, особено при неговите повисоки вредности. Највисоки вредности на УВ индексот се јавуваат во лето, особено од 12 до 14 часот со висока вредност на УВ индексот еден час пред и потоа.

Денес, можете лесно да ги најдете вредностите на УВ индексот на многу веб страници, па дури и на екранот на вашиот мобилен уред. Бројките зад УВ индексот значат следново:

  • 1-2 – низок,
  • 3-5 – умерен,
  • 6-7 – висок,
  • 8-10 – многу висок,
  • >10 – екстремен.

За вредностите на УВ-индексот помали од 3, не се препорачува посебна заштита за општата популација, но на фотосензитивните лица и малите деца сè уште им е потребна постојана заштита во форма на крема за сончање или лесна облека со долги ракави и панталони. УВ индексот од 3 или повеќе бара задолжителна заштита, додека УВ индексот од 6 или повеќе укажува на многу висок ризик од УВ зрачење.

Важно е да се истакне дека при УВ-индекс од 8-10, децата можат да добијат изгореници веќе по само 10 минути при директно изложување на сончева светлина, а при вредност од 10 или повеќе, децата можат да изгорат по само 5 минути!

Кога се зборува за штетноста на УВ зрачењето, главно се истакнува влијанието врз појавата на рак на кожата. Дефинитивно постои врска помеѓу појавата на рак и изложеноста на УВ зрачење. Покрај тоа што УВ зрачењето е познат ризик фактор за појава на малигни промени на кожата, може да се појават и многу други проблеми како резултат на изложеност на УВ зрачење.

Кои се најчестите проблеми предизвикани од УВ зрачењето?

  • Алергиските реакции на кожата се еден од најчестите проблеми по изложување на сонце. Овој проблем е во пораст.
  • Предвременото стареење на кожата е резултат на оштетување на одредени структури на кожата.
  • Проблеми со очите може да настанат поради оштетување на рожницата. Исто така, УВ зрачењето е еден од факторите кои придонесуваат за појава на катаракта.
  • Прекумерната изложеност на УВ зраци може да предизвика слабеење на имунолошкиот одговор, што дополнително го фаворизира полесниот почеток на инфекција.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

4 начини како да ja ублажите болката во зглобовите

Проблемите со зглобовите можат да влијаат на квалитетот на вашиот живот, но...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Причинители на „изрецкан јазик“

Многумина имаат тн. „изрецкан јазик“ – кога тој орган има вдлабнатини или...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Како да ја зголемите меморијата и концентрацијата со 4 методи

Како да ја зголемите меморијата и концентрацијата со 4 методи. Ние нудиме...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети за сезоната на крлежи

Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е...