АКТУЕЛНО

ПОЧНА ТОПЛОТНИОТ БРАН: Што да направите ако се чувствувате лошо

Стапката на смртност од екстремни горештини се зголемува, а најчеста причина се срцевите удари.

Побарајте помош ако имате вртоглавица, слабост, немоќ, вознемиреност или сте изразено жедни и имате силна главоболка. Одете на поладно место што е можно поскоро и измерете температура.

ИСПИЈТЕ ВОДА ИЛИ ОВОШЕН СОК ЗА ДА НАДОМЕСТИТЕ ТЕЧНОСТ

Смирете се и легнете во разладена просторија доколку имате болни грчеви, најчесто во нозете, рацете или стомакот, најчесто после работа или вежбање на висока температура, пијте течности кои содржат електролити, а ако грчевите траат повеќе од еден час, побарајте медицинска помош.

СОВЕТУВАЈТЕ СО ЛЕКАР ДОКОЛКУ ТЕГОБИТЕ ТРААТ ПОДОЛГО

Ако член на вашето семејство или лицето на кое му помагате има жешка, сува кожа или е во делириум (зборува неразумно или е немирно), грчеви и/или е без свест, веднаш јавете се на Брза помош. Додека чекате лекар или брза помош, ставете го лицето во ладна просторија во хоризонтална положба, подигнете му ги нозете и колковите, извадете ја облеката и започнете со надворешно ладење – ладни облоги на вратот, пазувите и препоните со вентилатор и прскање на кожата со вода на температура од 25 до 30ºC.

Измерете ја температурата на телото. Оладете го лицето додека температурата на телото не падне под 38°C. Не давајте ацетилсалицилна киселина или парацетамол. Лицата без свест, поставете ги во странично лежечка положба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...