АКТУЕЛНО

Општина Центар парично ги награди хигиеничарите кои ги чистеа полните контејнери

Комуналните работници од Општина Центар добија парична награда за вонредното чистење на градот откако три дена ЈП „Комунлна хигиена“ не го собираше ѓубрето. Од понеделникот наутро над 50 вработени беа ангажирани да ги чистат купиштата ѓубре во сите општини во Центар поради не функционалноста на градското претпријатие.

„Чест и задоволство за секој градоначалник е вработените во општинските претпријатија да бидат пример за успешно работење. Со вашата посветеност во работењето вие ја издигнавте Општина Центар на највисокото место. Со вашиот целодневен труд покажавте дека сакате чист Центар и дека нашата општина може да биде чиста доколку имаме повеќе механизација и желба за работа. Искрено ви се заблагодарувам и го вреднувам тоа што го работите“, рече Герасимовски пред вработените.

Со целата механизација и дополнителна надворешна опрема меѓу која и голем камион за кревање на контејнери вчера во две смени работеа повеќе од 50 вработени хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“. Ги празнеа контејнерите и ги миеја улиците од непријатната миризба од купиштата ѓубре во сите населби во општината. По алармот на граѓаните дека комуналното градско претпријатие не ги празни кантите со денови градоначалникот Герасимовски прв најави самоиницијативно чистење во општината.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...