МАГАЗИН

Објавен првиот трејлер за „Дедпул 3“

Продуцентите на „Дедпул 3“ (Deadpool 3) ги објавија првите слики од снимањето на филмот, но и првиот трејлер… Така, најкоментирана подробност, се чини, е новиот „Вулверин“-костим…

Обожавателите на филмовите „Икс-Мен“ (X-Men) знаат дека од 2000 година (Хју Џекмен) го глуми Вулверин во црн кожен костим, наместо оригиналниот жолт од стриповите. По сѐ изгледа дека обожавателите на автентичниот Вулверин, по 24 години ќе го видат Џекмен и во „долгоочекуваната“ жолта униформа.

Инаку, во режија на Шон Леви, „Дедпул 3“ може да се пофали со звучна актерска екипа. Освен Џекмен, во филмот глумат и Рајан Рејнолдс (како антихеројот Дедпул), натаму – Метју Мекфадијен, Ема Корин и Џенифер Гарнер, која по 20 години се враќа како суперхероината Електра. Филмот ќе се прикажува во кината од 3 мај 2024 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МАГАЗИН

Спијте подобро: Што да јадете за подобар сон?

Спиењето е природен, релаксирачки процес во кој се намалуваат функциите на некои...

МАГАЗИН

Како да создадете здрави животни навики

„Треба само да создадете здрави животни навики“, е реченицата која сите ја...

МАГАЗИН

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни...

МАГАЗИН

Зошто е добро да вдомите постаро куче

Вдомувањето на повозрасно куче е сочувствителна и наградувачка одлука која нуди бројни...