АКТУЕЛНО

„Комунална хигиена“ собра 1.130 тони ѓубре со кое беше затрупано Скопје

За два дена ЈП „Комунална хигиена“ подигна и транспортираше вкупно 1.130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства. Отстранети се и 250 кубни метри отпад од
приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

„Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ‘Комунална хигиена‘ продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, утврдена со оперативната програма за работа на претпријатието. Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини“, велат од „Комунална хигиен“.

Скопје три дена беше затрупано во ѓубре откако изминатиот викенд работниците од комуналното претпријатие штрајкуваа и не го собираа ѓубрето незадоволни од директорката Косана Мазнева-Николиќ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...