МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто наглите промени на температурата се опасни и на колку степени треба да ја одржуваме климата?

Исклучително е важно да се прилагоди температурата на просторијата во која се престојува.

Експертите често предупредуваат дека во климатизиран простор, без разлика дали станува збор за автомобил или дом, температурата треба да се одржува за шест до седум степени пониска од надворешната, бидејќи нашиот организам добро поднесува таква температурна разлика и на тој начин се избегнува температурен шок кога, на пример, ќе излеземе на топло од многу разладен простор.

Исто така, треба да се биде внимателен и при влегување во ладна вода кога телото е загреано, бидејќи и тоа може да биде фатално.

„Исклучително е важно да ја прилагодите температурата на просторијата во која престојувате. На срцевите болни им се препорачува излегување само наутро и навечер, а преку ден треба да престојуваат во климатизирани простории со температура меѓу 22 и 24°C. Се препорачува разликата во температурата на внатрешниот и надворешниот простор да не надминува 7°C. Ако температурата на телото е слична на температурата на воздухот, тоа се лади со испарување, што може негативно да влијае на срцевиот ритам и да предизвика дехидрација и грчеви. Но, преголемите осцилации во температурата на краток рок во никој случај не се препорачуваат. Имено, поради наглото ладење, доаѓа до стеснување на артериите, што може да предизвика срцев удар или аритмија. На пример, кога лице нагло ќе скокне во море чија температура е до 15 степени пониска од температурата на воздухот, во случај да има непрепознаена срцева болест, на пример коронарна срцева болест, и нема тегоби во  нормални услови, па најчесто не е свесен за својата болест, при изложувањето на екстремни разлики во температурата може да има негативни последици како што е миокарден инфаркт“, предупредува д-р Дубравка Шушњар, кардиолог.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...