АКТУЕЛНО

АРСОВСКА: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски е неписмен

Градоначалничката Данела Арсовска го нарече градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски функционално неписмен и нема ниту основна култура на однесување. Откако денеска тој на прес-конференција ја нарече некадарна, неспособна, дека не ги знае ингеренциите на Градот и дека лечи фрустрации, Арсовска му одговори дека покрај тоа што е неписмен, шири и лаги.

„Имотот на парцелата на ЈП ‘Дрисла‘ е во сопственост и основана од страна на Советот на Град Скопје е во директна надлежност на Градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија. Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со ‘Дрисла‘, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата ‘Анизор‘ која е ангажирана преку тендер од страна на Општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ‘Дрисла‘ самиот изјави дека тој чин го прави под целосна сопствена одговорност. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“, вели Арсовска.

Ѓорѓиевски заработи казна од Арсовска во висина од 88.000 евра за истурањето на ѓубре пред капијата на депонијата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...