АКТУЕЛНО

Скопје уште во ѓубре на температури од 40 степени

Четврти ден главниот град е затрупан со ѓубре. Иако вчера градоначалничката Данела Арсовска и директорката на ЈП „Комунална хигиена“ рекоа дека издвојувале победа и Скопје се чисти, и утрово скопјани се разбудија затрупани со смет. Контејнерите не се празнат, ниту пак се собира ѓубрето околу нив. Напротив тоа сè повеќе сe таложи.

Ниту Општините не можат да го исчистат сето ѓубре кое се трупало со денови. Тие немаат механизација која може да ги подига контејнерите, па затоа само со работници се собираат купиштата смет околу нив.

Чаир

Ѓубрето во Скопје за прв пат во историјата на градот престана да се собира оти вработените излегоа на штрајк незадовлни од Арсовска и Мазнева. Револтот беше поради тоа што се избркани од работа 3о-тина лица, меѓу кои и синдикалниот лидер. Вчера тие по состанок со Сојузот на синдикатите на Македонија одлучија да го прекинат штрајкот, а барањата да ги бараат по институционален пат.

Карпош

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...