СКОПСКИ ВЕСТИ

Музејот на Народната банка повторно отворен за јавноста

Музејот на Народната банка со својата постојана поставка повторно е отворен за јавноста. Со околу 23 000 монети од различни историски епохи, почнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државава.

„На простор од 240 квадратни метри се изложени околу 1000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини. При осмислувањето на постојаната музејска поставка, акцентот e ставен на развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата коишто оставиле свој белег во историјата на државата. Општествените и културните збиднувања, коишто се одразиле врз иконографијата и дизајнот на парите, исто така имаат свое место во Музејот. Следејќи ги светските трендови поврзани со улогата на централните банки во грижата за сопственото културно наследство, Народната банка во 1999 година започна со откуп на стари и ретки пари од нашите почва преку кој ја изгради денешната единствена збирка. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, Народната банка денес е еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство“, соопшти Народната банка.

Влезот за посетителите е бесплатен, секој работен ден од 9 до 15 часот, а овозможени се и групни посети со закажување однапред.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...