МАГАЗИН

Хрватска ќе снима прв филм по сценарио напишано од вештачка интелегенција

Во Хрватска за догодина се подготвува филм најавен како „пионерски потфат на хрватската независна филмска продукција“ во контекст на светскиот тренд во кинематографијата.

Станува збор за проектот „БЕТА“, кој ќе се снима на почетокот на 2024., а ќе биде прикажан до крајот на таа година. Како што соопштуваат продуцентите, тоа е првиот долгометражен игран филм во историјата на светската кинематографија чие сценарио е авторско и напишано со помош на напредната вештачка интелигенција. А, и една од главните улоги ќе биде отелотворена од спој од неколку ВИ-програми.

Жанровски, филмот е спој од психолошки трилер и научнофантастична драма за животот на ИТ-програмерка и нејзината докторска теза за т.н. суперинтелигенција – напредна ВИ-програма што ја презема контролата врз нејзиниот живот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат хрватските глумици Ана Марија Брѓановиќ и Ана Уршула Најев, како и ВИ-програмата „Бета/гив Екс“ (Beta/Give X). Занимливо е тоа што во филмот сите улоги се женски.

Режијата е на Анѓело Јуркас, кој е и автор на сценариото, заено со „Artificial Intelligence Give X“. Продуцент е хрватската независна компанија „ДОП продукција“ со домашни и странски партнери.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...