АКТУЕЛНО

ЈСП ПАК НА ПРОТЕСТ: Утре јавниот превоз со редуцирани автобуси

Низ скопските улици утре ќе возат редуциран број на автобуси. Промените во јавниот превоз се поради незадоволство на дел од вработените во Јавното претпријатие ЈСП- Скопје, кои во период од 4:30 часот наутро ќе започнат со штрајк. Протестот ќе трае до 12:30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда. Штрајкот е поради усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

Во ЈСП има околу 600 вработени, но според овој синдикат досега околу 180 потврдиле дека ќе протестираат. Ова е втор пат главниот град да остане без јавен превоз откако Данела Арсовска е градоначалничка на Скопје.

„Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4:30 часот до 12:30 часот“, изјави Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП.

Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Тошевска вели дека овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

Доколку никој од раководството на ЈСП не ги прими на разговор,  како што најави, тие по 12:30 часот ќе си заминат дома и во Скопје пак ќе нема автобуси.

„Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години“, рече Тошевска.

Таа информира дека во ЈСП вкупно се вработени 1300 лица, а 600 се возачи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...