АКТУЕЛНО

СДСМ бара вонредна седница оти Арсовска го затрупа Скопје во ѓубре

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје побара да се одржи вонредна седница за хаосот што настана со ѓубрето и полните контејнери низ градот. Барањето синоќа е доставено до претседателот на Советот Трајко Славески и сега се чека тој да закаже седница.

„Бараме итна седница и информација за актуелната состојба во ЈП ‘Комунална хигиена‘ и информација со предлог мерки за итно и неодложно дејствување на Град Скопје заради надминување на можноста за појава на потенцијална еколошка катастрофа и епидемија на заразни болести“, се вели во барањето за вонредна седница.

Од СДСМ вчера покрај градоначалничката Данела Арсовска за хаосот во градот го обвинија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски е директно одговорен за што Скопје се дави во ѓубре.Затоа Мицкоски излегува и глуми загрижен, неговото појавување покажува дека знае, негова е одговорноста за хаосот во Скопје со ѓубрето. Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде невиден хаос, Скопје со денови се гуши во ѓубре.Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа модерно Скопје. Но скопјани добија загаден, нечист, нефункционален град кој не може со ѓубре да излезе на крај а не да се развива.Неспособноста и неработата на градоначалниците на ДПМНЕ во другите општини во Скопје се исто така дел од проблемот во главниот град.ДПМНЕ го има мнозинството во советот, управните одбори се сите во нивни раце“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак обвинија дека СДСМ се во коалиција до Арсовска и затоа тие се одговорни за тоа што Скопје е затрупано со ѓубре.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...