АКТУЕЛНО

Орце и Тимчо го истурија ѓубрето пред „Дрисла“ оти Данела не ги пушташе да влезат на депонијата

Градоначалниците на Општините Аеродром и Кисела Вода Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски синоќа го истурија ѓубрето кое го собираа  пред влезот на депонијата „Дрисла“. Вечерта скопските општини со помош од другите градови почнаа да го чистат ѓубрето што „Комунална хигиена“ не го собираа, но не им беше дозволено од Град Скопје да го депонираат на депонијата.

Муцински и Ѓорѓиевски со камионите стоеја пред капијата и повеќе од еден час од вработените на депонијата бараа да ги пуштат да влезат, да го фрлат ѓубрето и за тоа ќе платат.

„Во прашање е здравјето на граѓаните. Зошто не спречувате да одлагаме отпад, кога за тоа имаме договори со вас. Ќе платиме, но дозволете да го исчистиме градот, мораме да го фрлиме ѓубрето за да се вратат камионите и да продолжиме со чистење“, велеа Муцунски и Ѓорѓиевски.

Но, од вработените не беа пуштени да влезат оти таква наредба имале од Градот и директорот.

По ова камионите го истурија ѓубрето пред капијата и се вратија да чистат.

Од „Дрисла“ им се заканија дека ќе добијат кривична пријава за загрозување на животната средина.


ЈП „Дрисла“: На општините Аеродром и Кисела Вода договорите им се истечени март годинава

Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје преку соопштение информира дека општините Аеродром и Кисела Вода немаат потпишано договор со нив и оти нивниот договор е истечен во март годинава.

„Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина. Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија „Дрисла“ Скопје бидејќи тој им е истечен во март, стои во соопштението.

Од „Дрисла“ прашуваат каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори.

„Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија „Дрисла“ Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад? Дали креирале и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“ се наведува во соопштението.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...