АКТУЕЛНО

ОД СРЕДА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 40 СТЕПЕНИ: За кого е најризична по здравјето портокаловата фаза

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.

Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

Министерството за здравство, се уште нема излезено со препорако за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението, а со цел заштита на здравјето на луѓето.

Досега, при најави за портокалова фаза се препорачуваше од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. На работодавците им се препорачуваше да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Истовремено препораки беа и да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

Кога земјата е во портокалова фаза, граѓаните треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Потребен е и повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...