АКТУЕЛНО

За Арсовска Мицкоски е крив за полните контејнери, го нарече ѓубре, а градоначалниците глувци

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доцна синоќа конечно се појави во јавноста откако градот два дена беше затрупан со ѓубре. Таа виновен за проблемот го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски и рече дека камионите од вечерва почнуваат повторно да го чистат ѓубрето.

Според Арсовска, оваа ситуација ја искористиле градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени, а на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача дека вечерва е разобличен со тоа што сака да креира проблеми, а потоа да се претставува дека ги решава.

„Погледнете ги овие политички стаорци кои излегоа на улица вечерва. Заврши времето кога овие градски претпријатија беа третирани како нечија лична и приватна сопственост и наместо во интерес на граѓаните, работеа за интересот на малкумина. И на крај сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека вечерва е разобличен затоа што за бескруполозноста за евтини политички поени сака да креира проблеми за граѓаните, а потоа сака да се претставува дека ги решава. Таквите политичари се најголемото ѓубре што овој град ги видел и ние вечерва со чистењето на ѓубрето ќе почнеме да ги чистиме и нив, рече Арсовска.

Арсовска обвини дека мафијашки структури неколку дена ја блокираат работата на ЈП „Комунална хигиена“ поради лични интереси.

„Се работи за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена и тоа трета смена во претпријатието спротивно на закон и на колективниот договор. Поголем дел од нив кои биле вработени на овој начин воопшто не се појавувале на своите работни места и не ги извршувале своите работни обврски. Сега дел од истите ја блокираа работата на комуналното претпријатие и не дозволуваат сите останатите 1.300 вработени да можат да ја извршуваат својата работа. Иако нема законски најавено штрајк, иако поголем дел од овие лица повеќе не се вработени во ова претпријатие, тие сепак извршија мафијашка блокада“, рече Арсовска.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Парк на Франкофонија добива паметно осветлување

Од Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилките кои се...

АКТУЕЛНО

Од денес секој четврток „И јас сум на Водно“

Почнувајќи од овој четврток, од 19 до 23 часот, планинарско-спортскиот клуб „Н2О“...

АКТУЕЛНО

Испратете разгледница со мирис: Франција со поштенски марки кои мирисаат на багети

Франција во полн ек се подготвува за претстојните Олимписки игри, погрижувајќи се...

АКТУЕЛНО

„Девијантно Девојачко“ на Клелија во Бруталиск

Во склоп на Skopje Pride Weekend, Клелија, трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје која...