ИНФО

ВО СКОПЈЕ СЕ ВОЗИ КАКО НА РЕЛИ ТРКА: 149 возачи казнети за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 250 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува СВР – Скопје. Од нив 149 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 15 санкции за управување под дејство на алкохол…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, стои во соопштението од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...