АКТУЕЛНО

Општина Центар утре сама ќе го чисти ѓубрето оти Град Скопје нема решение за преполните контејнери

Од утре Општина Центар сама ќе ги празни контејнерите и ќе го собира наталоженото ѓубре на улиците. Бидејќи вработените во „Комунална хигиена“ и понатаму протестираат, а градоначалничката Данела Арсовска и директорката Косана Мазнева-Николиќ немаат решение за проблемот, Општината ја презема одговорноста и утре ќе органиизра голема акција за чистење.

„Нема да дозволам граѓаните да се дават во смет и потенцијална зараза од летните температури. Утре наутро со почеток од 8 часот со работа почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација. На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет.  Обезбедени се 4 камиони за собирање смет и еден камион за подигање контејнери, како и целата механизација на ЈП „ПОЦ“ меѓу кои три метларки и цистерна за темелно миење на улиците“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Тој уште еднаш апелирам Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот.

Општина Центар уште вчера алармираше за изнаоѓање брзо решение за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП Комунална хигиена – Скопје откога голем број граѓани се пожалија на нехигиена и неподносливата миризба од преполните контејнери по булеварите и улиците.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Урбани велосипедисти денес ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат...

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...