ИНФО

Се гради пешачка патека на надвозникот на влезот во Општина Илинден

Општина Илинден започна со изградба на нова пешачка патека на улица ,,2” која се протега преку надвозникот на влезот во Општината.

Новата пешачка патека ќе биде во должина од 350 метри, покрај патеката ќе биде поставена, нова сообраќајна сигнализација. Со изградбата на оваа пешачка патека ќе се овозможи безбедно движење на возилата и на пешаците кои го поминуваат овој пат, особено учениците кои во текот на учебната година се движат кон новото општинско основно училиште.

„Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени дополнително нови пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места“, вели градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Полицијата казни 188 возачи низ Скопје, возеле брзо и без возачка

Во вчерашните сообраќајни контроли, казнети се 188 возачи. Меѓу кои, 25 за возење...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...