АКТУЕЛНО

Општина Центар ја исчисти дивата депонија кај паркот на новинари

Општина Центар ја исчисти дивата депонијата во паркот на новинарите спроти Министерството за образование, а надлежните служби се погрижија за групата бездомници која беше незаконски населена во паркот. Од страна на Центарот за социјални работи згрижени се седумте деца на возраст од 1 до 7 години кои во паркот во импровизирано живеалиште беа со 6 возрасни лица.

Заедно со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и службеници од Центарот за социјални работи, на терен излегоа и вработени од ЈП „Паркинзи Општина Центар“ и претставници од полициската станица „Беко“.

„По дојава од граѓани дека во паркот на новинарите има диво населени граѓани со мали деца веднаш постапивме, ги повикавме институциите и излеговме на терен. Центарот за социјални работи во рамки на надлежностите ја презеде работата со малолетните деца, додека вработените од ПОЦ го исчистија и го вратија паркот во првобитната состојба. Им благодарам на граѓаните кои алармираа за состојбата и ги охрабрувам сите останати кои ќе забележат некакви неправилности да го пријават тоа. Со нивна помош можеме навремено и брзо да реагираме“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Големо чистење на паркот на новинарите Општина Центар го спроведе во рамки на акцијата „Генералка викенд 2023“ во која покрај општинската администрацијa се придружија и вработени од ЈП ПОЦ, „Шпаркасе банка“, еколошки здруженија, пензионери, компании и други граѓани.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...