АКТУЕЛНО

МВР и Пазарна инспекција во контроли на кафулињата и дискотеките низ Скопје

Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“ викендов полициски службеници од СВР Скопје заедно со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, спроведоа акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје.

Во рамки на контролата, соопштија денеска од МВР, во еден угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле констатирани неправилности од страна на УЈП согласно Законот за регистрирање на готовинско плаќање, додека трудовата инспекција утврдила непријавени работници во објектот. За констатираните неправилности, ќе бидат изречени санкции. Во друг угостителски објект на подрачјето на Аеродром, се додава во соопштението, констатиран е прекршок во врска со присуство на малолетник по полноќ и ќе следува соодветна санкција.

„При контролата во угостителски објекти во Градскиот парк, во два од нив УЈП констатира неправилности од Закон за регистрирање на готовинско плаќање, недостатоци се утврдени и од страна на пазарната и трудовата инспекција, за кои се дадени соодветни задолженија за правните лица“, информираа од денеска од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...