ИНФО

Летале по скопските улици, пишани 77 казни за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол..

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со појава на магла

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...