АКТУЕЛНО

„Шанса за Центар“ бара да се забранат мобилни телефони во школите

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ која има 4 советници во Советот на Општина Центар, бара да се забранат мобилните телефони во училиштата на територијата на Центар. Ова барање доаѓа откако деновиве Холандија донесе одлука за забрана на користењето на мобилни телефони, таблети и паметни часовници во училиштата. Иницирана е од самите наставници, а се очекува да започне да се спроведува во холандските улилишта од следната учебна година.

„Ние, како ‘Шанса за Центар‘, би сакале да се приклучиме кон иницијативата на холандските училишта и да донесеме одлука за училиштата во Центар. Иако мобилните телефони се неизбежен дел од нашиот секојдневен живот, тие не треба да имаат место во училницата. Широка е употребата на мобилните телефони за време на часовите и во паузите, од учениците, но за жал и од наставниците. Дали ние родителите и наставниците се согласуваме дека мобилните телефони ги деконцентрираат учениците, им попречуваат да се фокусираат на наставата и понекогаш стимулираат агресија и булинг помеѓу соучениците? Каков пример им се возрасните?“, велат од „Шанса за Центар“.

Според нив оваа одлука треба да има неколку исклучоци, вклучувајќи ги учениците со посебни потреби или попречености, и да не важи за часовите кои се фокусираат на развој на дигитални вештини.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...