АКТУЕЛНО

СКОПЈЕ ЗАТРУПАНО СО ЃУБРЕ: Мазнева вели контејнерите се полни оти група од подземјето намерно прави блокади

Главниот град е затрупан со ѓубре. Сред лето и температури над 30 степени ѓубрето од контејнерите не се собира, па се трупа низ патеките и улиците. Комуналците од ЈП „Комунална хигиена“ не го собираат ѓубрето бидејќи протестираат незадоволни од директорката Косана Мазнева-Николиќ и условите за работа.

Овој проблем постои веќе извесен период. Забележително е дека ѓубрето во Скопје не се собира со потребната динамика, камионите ги нема во стандарните термини за подигање на отпадот, а последниве два-три дена ситуацијата ескалираше. Вработените синоќа не излегоа на улиците, се собраа во дворот на претпријатието и рекоа дека нема да работат. Бараат средба со Мазнева, покачување на платите, исплата на К-15 , бенифициран стаж и враќање на работа на избрканите колеги.

За директорката Мазнева-Николиќ назначена на оваа функција од градоначалничката Данела Арсовска, станува збор за намерно блокирање на работата на претпријатието поради политички цели. Како што кажа на денешната прес-конференција блокадата ја прави една група која доаѓа од подземјето и работи за политички моќници.

„Јас нема да дозволам сред лето да биде загрозено здравјето на граѓаните. Затоа поднесов пријава до МВР и Обвинителството. Се бунат затоа што ставив крај на досегашниот начин на работа од кој профитирале лица кои ниту работеле туку имале други бизниси. Оваа група што блокира над 15 години работела само трета смета и затоа имала бенифиции. Сега тоа го сменив односно сите вработени ќе ротираат во три смени“, рече Мазнева-Николиќ.

Директорката кажа дека веќе нема крадење на гориво од камионите што исто така им пречи на дел од вработените. Во однос на барањето за покачување на платите рече дека е неосновано затоа што во март платите се зголемени за 864 денари.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...