АКТУЕЛНО

КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Џабе собираме ѓубре, граѓаните фрлаат кај ќе стигнат, а никој не казнува

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ во јуни опомена 51 граѓанин за фрлање ѓубре на јавна површина. Од претпријатиеото се жалат дека граѓанин постојано фрлаат ѓубре кај ќе стигнат, а тие немаат надлежност да казнуваат.

„Според оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, екипите на ЈП ‘Комунална хигиена‘ ги празнат контејнерите поставени на територијата на градот Скопје еднаш во текот на денот, седум дена во неделата. Но, и покрај фактот дека отпадот одложен во садовите се подигнува и транспортира секој ден, повторно сме соочени со масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Преку дежурствата на нашата Еко-патрола се обидуваме максимално да ја превенираме појавата на диви депонии, но би сакала да истакнам дека претпријатието нема надлежност да ги казнува прекршителите на Законот за јавна чистота, туку истите само да ги информира и едуцира“, директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Николиќ Мазнева.

Таа додава дека екипите на ЈП „Комунална хигиена“ се задолжени да го соберат и да го транспортираат отпадот одложен во садовите, но дали локациите ќе останат чисти во најголема мера зависи од постапките на самите граѓани.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...