МАГАЗИН

Италија е земја со најмногу 100-годишници во светот

Италијанскиот Национален завод за статистика објави дека во земјата, бројот на луѓе на возраст од 100 години и повеќе, лани достигнал рекордно високо ниво.

Според податоците, стогодишниците на Апенинскиот Полуостров денес се трипати повеќе од почетокот на 21. век, па од јануари оваа година, тој број достигнал речиси 22.000 – повеќето се жени. И просечната возраст во Италија се зголемила од 45,7 години на 46,4 години, за времето од почетокот на 2020 до 2023 година. Тоа значи, просечната возраст на населението во оваа земја расте побрзо од просекот на Европската Унија.

На другата страна на демографската слика, податоците покажуваат дека раѓањата паднале на историски најниско ниво – 393.000 во 2022 година. Ова е најниската стапка на наталитет од обединувањето на Италија пред повеќе од 150 години.

Населението во земјата постојано се намалува од 2014 година, а поддршката и грижата за зголемениот број стари лица е еден од најголемите предизвици на Италија.

Заводот за статистика очекува населението со над 80 години да се зголеми за 35 отсто во споредба со 2021 година и да надмине осум милиони луѓе во 2041 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина

Американската технолошка корпорација „Епл“ (Apple), на барање на кинеските власти, ги отстрани...

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...